Светското првенство во Катар се покажа како одличен повод за гигантот „Најк“ да реализира уште една незаборавна реклама, во која се појавуваат многу големи ѕвезди.
Мундијалските емоции ги инспирирале авторите на комерцијалниот филм да направат интересна приказна, но и да вклучат многу познати имиња, па не е изненадување што рекламата веднаш стана вирална на социјалните мрежи.
Мбапе, Роналдињо, бразилскиот и португалскиот Роналдо, Ван Дајк и Де Брујне се меѓу големите имиња кои се дел од рекламата, која сигурно ќе биде меѓу најпопуларните поврзани со ова СП.
Nike just knocked the Adidas commercial out of the World Cup! pic.twitter.com/pRnzcNP7Go
— M•A•J (@Ultra_Suristic) November 16, 2022