петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бајден им честиташе на републиканците за освојувањето мнозинство во Претставничкиот дом на САД

Бајден им честиташе на републиканците за освојувањето мнозинство во Претставничкиот дом на САД

Американскиот претседател Џо Бајден им честиташе на републиканците за освојувањето мнозинството во Претставничкиот дом на САД, велејќи дека е подготвен да работи со нив.

– Му честитам на лидерот на (малцинството во домот) Кевин Мекарти што републиканците го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и подготвен сум да работам со републиканците во Претставничкиот дом за да постигнеме резултати, рече Бајден во изјавата објавена кусо откако американските медиуми ја прогласија трката за завршена.

– Ќе работам со секој – републиканец или демократ – кој е подготвен да работи со мене за да дадеме резултати за американскиот народ, додаде Бајден.