Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави воведување данок на екстра-профит во земјата.
– Законот за дополнителен данок на доход го испраќаме на јавна расправа. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе им помагаат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека овој вид данок би бил солидарен придонес, рече Пленковиќ на владина седница, додавајќи дека „не се работи за казнување на оние кои се успешни“.
Хрватскиот министер за финансии Марко Приморац на прес-конференција ги презентираше деталите од предложениот закон, наведувајќи дека данокот првенствено е наменет за прераспределба на профитот на даночните обврзници кои ќе остварат значително повисоки нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек.
Тој потсети дека во хрватскиот систем за оданочување на добивка веќе има две стапки и два прагови, а со новиот данок, во оваа кризна ситуација, дефакто се воведува уште еден праг и уште една стапка.