среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец осуден на 30 месеци казна затвор

Приведен крадец осуден на 30 месеци казна затвор

Денеска (17.11.2022) во 13.20 часот на ул.„Гарибалди“, во населбата Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(33) од Скопје.

-За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.