Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше 1-1 во контролниот натпревар против Финска кој се одигра вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Селекторот на репрезентацијата на Финска, Марку Канерва по мечот вели дека ремито е реален резултат.
„Беше тежок натпревар. Задоволен сум од моите играчи, створивме доста шанси и одигравме добар меч. Исто и Македонија имаше добри шанси, па затоа ова е реален резултат. Имав пет дебитанти на теренот кои играа одличчно, но дефинитивно мора да бидеме подобри во завршницата“, изјави Канерва.