сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец пронашол туѓа платежна картичка и со неа си пазарел, поднесена кривична пријава

Скопјанец пронашол туѓа платежна картичка и со неа си пазарел, поднесена кривична пријава

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.Ј.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот пронашол изгубена платежна картичка на лице од Скопје и, наместо да ја врати, со неа плаќал стоки и услуги во разни правни лица. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 14.652 денари.