СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Д.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес, извршен по судска наредба, во неговиот дом во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело.