вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Поради Дејвид Бекам и мундијалот во Kатар, искина 10.000 фунти (ВИДЕО)

Поради Дејвид Бекам и мундијалот во Kатар, искина 10.000 фунти (ВИДЕО)

Комичарот Џо Лајсет остана достоен на зборот и искина 10.000 фунти откако Дејвид Бекам не се повлече од улогата на амбасадор на мундијалот во Катар.

Дејвид Бекам го навлече гневот на јавноста откако потпиша мултимилионски договор со Катар за да стане амбасадор на СП 2022.

Легендата на Англија претходно беше поборник на правата на ЛГБТ заедницата, па многумина се зачудија како може да го промовира Катар, земја во која хомосексуалноста е забранета.

Комичарот Џо Лајсет порача дека ќе искине 10.000 фунти доколку Дејвид Бекам не се откаже од амбасадорската улога, па откако поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и ЛА Галакси не го стори тоа, парите (или нешто што наликува на купчиња со пари) попладнево беа фрлени во машина за сецкање.