Денеска (21.11.2022) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(25) од Скопје.
По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени ококу еден килограм марихуана и две дигитални ваги.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.