петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски на средба со Мартин Шулц, претседател на фондацијата Фридрих Еберт

Пендаровски на средба со Мартин Шулц, претседател на фондацијата Фридрих Еберт

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мартин Шулц, претседател на фондацијата Фридрих Еберт и поранешен претседател на Европскиот Парламент, кој престојува во Скопје по повод учеството на вториот Социо-еколошки форум.

На средбата се разговараше за севкупните активности на фондацијата во регионот и во Република Северна Македонија, како и за актуелните случувања во поширокиот регион, вклучувајќи ја руската инвазија врз Украина и последиците од неа.

Претседателот Пендаровски го истакна придонесот и поддршката на фондацијата во повеќе сфери, вклучувајќи ги европските интеграции, унапредувањето на политичкиот дијалог, социјалниот и економскиот развој и поддршката на образовни и младински политики.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што фондацијата ја дава на Претседателскиот центар за политичко образование и за реализацијата на Школата за политики, што има за цел промоција на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста.

Најнови вести