четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ги шокираше навивачите – oваа фотографија ја објавил еден час пред раскинувањето на договорот

Роналдо ги шокираше навивачите – oваа фотографија ја објавил еден час пред раскинувањето на договорот

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД го раскина договорот со Кристијано Роналдо. Оваа вест силно одекна во фудбалскиот свет, но никого не изненади премногу. Да потсетиме, Португалецот се врати во Јунајтед во летото 2021 година од Јувентус со отштета од 17 милиони евра.

Непосредно пред клубот официјално да ја објави веста, Роналдо на својот Инстаграм профил се пофали со нов спонзор кој му направи стилски часовник. Освен што тајмингот на ваквата објава е многу необичен со оглед на се што се случува меѓу него и клубот, оспорен е и детаљот на часовникот.

Имено, на неа е слика на Роналдо од 2013 година кога постигна гол со глава во дресот на Реал, против Манчестер Јунајтед. Роналдо сега бара нов клуб, а тој би можел да биде еден од најбогатите во светот.