понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски на средба со новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Пендаровски на средба со новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот Килиан Вал, нов шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се разговараше за севкупните активности на организацијата во Република Северна Македонија, актуелните случувања во државата, текот на евроинтеграциските процеси, како и за идните планови во мандатот на амбасадорот Вал.

Претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на успешната соработка со мисијата, во пресрет на претседателството на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи ја подготвеноста на државата да даде придонес во промовирањето на вредностите на огранизацијата, во време на предизвици за европскиот контитент.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Вал му посака успешно извршување на функцијата.

Најнови вести