петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Словенија покрената истрага поради труење со салмонела

Во Словенија покрената истрага поради труење со салмонела

Националниот институт за јавно здравје на Словенија (НИЈЗ) денеска почна широка епидемиолошка истрага поради пријавени случаи на труење со салмонела во неколку региони на земјата.

Бројот на случаи на труење со салмонела, кои првично беа пријавени во источна Словенија, денеска се искачи на 19, а пријавени се и случаи и во други региони.

Според НИЈЗ најверојатна причина за труење е тартарски бифтек од продавница.

Првите случаи на труење се пријавени на подрачјето на Мурска Собота, а потоа се откриени случаи во градовите Равне на Корошкем и Целје, а денеска се регистрирани уште два случаи во љубљанскиот регион.

НИЈЗ соопшти дека 11 пациенти морале да бидат хоспитализирани.