На 23.11.2022 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово.
Тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.
Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.