СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Н.(47) од тетовското село Слатино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 18.11.2022 во село Слатино, полициски службеници извршиле претрес во домот и во возилото на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, полуавтоматски пиштол марка „токарев ТТ-33“ калибар 7,65.
Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Тетово, на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.