четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија

Ненадејно почина министерот за надворешни работи на Белорусија

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеј почина ненадејно на 64 годишна возраст.

Веста ја потврдиле од ресорното министерство. Макеј беше на должноста од 2012 година.

Ројтерс наведува дека во понеделник Макеј требало да се сретне со рускиот колега Сергеј Лавров.

Претседателот на Белорусија, Александр Лукашенко изразил сочувство. Со реакција се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

-Шокирани сме од веста за смртта на шефот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј, напишала Захарова на Телеграм додавајќи дека „наскоро ќе биде објавено и официјално сочувство.“