Италијанската влада денеска прогласи вонредна состојба на островот Искија кој вчера го погоди големо лизгање на земјиштето во кое едно лице загина, а најмалку десет се водат како исчезнати.
-На вонредната седница на кабинетот, која се свикува за воведување вонредна состојба, беше доделен првиот пакет итна финансиска помош во износ од 2 милиони евра, објасни министерот за цивилна заштита, Нело Музумечи.
Казамичола Терме, спа-одморалиште со 8.000 жители во зима, сместено на островот Искија недалеку од Капри, беше погодено од земјотрес во 2017 година, во кој загинаа две лица. На крајот на 19 век, градот бил целосно уништен од многу посилен земјотрес.
Повеќе од 200 припоадници на цивилната одбрана и органите на редот се уште трагаат по десетината исчезнати, а стотици волонтери продолжуваат да ги расчистуваат улиците.