понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Гранични полицајци дале знак да ја стопира „сеат алтеата“ со косовски таблички, а тој дал само гас – потоа следувало хаос

Гранични полицајци дале знак да ја стопира „сеат алтеата“ со косовски таблички, а тој дал само гас – потоа следувало хаос

На 30.11.2022 во 22.30 часoт на регионалниот пат Богданци – Дојран, кај место викано „Паљурци“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ дале знак за запирање на патничко возило „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки, но возилото не застанало.

Набргу, возилото било пронајдено покрај патот, а во негова близина биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија.

Мигрантите биле спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.