понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Французи ќе им судат на Пелистерци

Французи ќе им судат на Пелистерци

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтото коло на групниот сегмент на Европската лига.

Следниот вторник, на шести декември од 20:45 часот, единствениот македонски претставник во Европа, Еурофарм Пелистер гостува во Шпанија против Бидасоа Ирун.

Натпреварот ќе го водат Карим и Рауф Гасми од Франција, а делегат на ЕХФ е Португалецот Антонио Гулао. Двете екипи имаат две победи и два порази во првите четири кола од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.