сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иран гради нова нуклеарна електрана

Иран гради нова нуклеарна електрана

Иранската Агенција за атомска енергија соопшти дека во југозападниот дел на Иран почна со изградба на нова нуклеарна електрана.

Директорот на иранската Агенција, Мохамед Еслами истакна дека изградбата ќе трае седум години.

– Нуклеарната централа од 300 мегавати ќе чини меѓу 1,5 и 2 милијарди долари, наведе Еслами.

Иран има нуклеарна централа во Бушер, на југот на земјата, со капацитет од 1.000 мегавати.

– Новата централа првично требаше да ја изгради француска компанија, која подоцна се откажа, посочи Еслами, додавајќи дека поради санкциите и другите земји избегнуваат соработка со Иран.