недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Брисел: Србија да усвои нова стратегија за интегрирано управување со границите

Брисел: Србија да усвои нова стратегија за интегрирано управување со границите

Србија треба да вложи дополнителни напори во визната политика, управувањето со границите, борбата против корупцијата и организираниот криминал и спречувањето и сузбивањето на сите видови насилен екстремизам, се наведува во извештајот на Европската комисија.

Во петтиот извештај за мониторингот на безвизниот режим на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Грузија, Молдавија и Украина се наведува дека сите земји продолжиле да ги исполнуваат условите за визна либерализација и постигнале напредок во исполнувањето на препораките од минатогодишниот извештај.

Извештајот, исто така, ги идентификува областите каде што се потребни дополнителни напори за секоја земја.

Во препораките до Србија се наведува дека треба да донесе нова стратегија и акциски план за Интегрирано гранично управување (IBM) согласно новите концепти на IBM.

Србија треба да ги следи обврските на највисоко политичко ниво и приоритетно да ја усогласи визната политика со листата трети земји за кои е потребна виза на Европската унија, особено оние земји кои претставуваат ризик од илегална миграција или безбедност за ЕУ.

Исто така, Србија треба да усвои нова стратегија за борба против корупцијата што ќе биде проследена со кредибилен и реален акциски план, соопшти Европската комисија.

Се препорачува да се подобрат резултатите во борбата против организираниот криминал, вклучително и трговија со дрога, перење пари, конфискација на криминални средства.

На Србија и се препорачува да продолжи да ги спроведува билатералните договори како дел од Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан.