вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

Приведено лице од гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

На 05.12.2022 во 15.20 часот во шума во атар на гостиварско Врањовце, полициски службеници од Полициското одделение -Галате го лишиле од слобода лицето И.Р.(41) од с.Врањовце.

Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.