петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција

Претрес во Општина Чешиново – Облешево, пронајдени пушка и муниција

На 05.12.2022 во с.Лепопелци, Општина Чешиново – Облешево, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Б.Г.(55) од с.Бурилчево.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и три куршуми калибар 16мм.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.