понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славењето излезе од контрола: Жестока пресметка меѓу навивачи и полиција во Париз (ВИДЕО)

Славењето излезе од контрола: Жестока пресметка меѓу навивачи и полиција во Париз (ВИДЕО)

Преку 100.000 Французи во Париз излегоа на „елисејските полиња“ за да го гледаат мечот, а потоа и да се радуваат на големиот успех, но радоста вечерва се претвори во хаос и тотално излезе од контрола.

„Франција 24 Њус“ веќе објави едно видео од хаотични сцени во еден дел од Париз, каде полицијата мораше да употреби солзавци за да ја растури разгневената маса.

Нејасни се причините за инцидентите, но не е реткост прославата на спортски успех во оваа земја да се претвори во тотален хаос, па полицијата да мора да интервенира.