недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Тврди дека ништо не се сеќава: Се огласија жителите кои ги спасиле хрватските пилоти

Тврди дека ништо не се сеќава: Се огласија жителите кои ги спасиле хрватските пилоти

Двајцата пилоти на урнатиот хрватски МиГ-21 се живи, а мештаните раскажуваат што им рекле при нивното пронаоѓање.

Анѓа Ашиќ била првата која му помогнала на едниот пилот.

-Излезе од шумата дезориентиран. Кажа дека на ништо не се сеќава и дека имало магла. Веднаш ја повикавме полицијата и брзата помош, кои брзо дојдоа и му пружија помош, вели Ашиќ.

Вториот пилот го пронашол Мика Матиќ кој им помогнал на спасувачите да се снајдат во непристапниот терен.

-Тргнав да помогнам бидејќи видов дхеликоптер на ова подрачје. Им понудив помош на спасувачките екипи бидејќи добро се снаоѓам во овој предел. Така прв стигнав до пилотот. Лежеше на грб. Жив, но повреден, раскажува Матиќ.

Според пишувањата на медиуми, еден од пилотите ја повредил ногата. Медиумите неофицијално дознаваат дека авионот се урнал откако му откажал моторот.