Сузана Манчиќ важи за една од најголемите дами во српската јавност, која шири позитивна харизма и насмевка. Мажите веќе со децении ја ставаат на водечките места на листите за најубави жени, но како и речиси сите припаднички на понежниот пол и таа не е задоволна со својот изглед, односно со килажата.
Иако цел живот била на некакви диети, конечно пронашла трик кој и помага да се ослободи од вишокот килограми.
-Никогаш нема да заборава. Бев на една свадба. Кога ја видов фотоградијата бев многу бесна на самата себе. Ги искинав сите фотографии и му благодарам на бога веќе ги немам, изјавила водителката.
Некогашната лото-девојка кажува дека најмногу се здебелила поради стилот на животот со нејзиниот сопруг кој е Грк, бидејќи тие вечераат касно навечер. Таа откри дека имала дури и 89 килограми.
– Каде 89 тука и се и 90 па и 100, напиша Сузана и се пошегува на своја сметка.
Нагласила дека вишокот на килограми најчесто и се зголемувал кога била во менопаузата и најчесто и се таложел околу стомакот.
Па затоа водителката преминала на еден вид Кето-диета. Имено таа се состоеа од два прашкасти обоци и вечера која била нејзина идеја.
Вечерата ви доаѓа како награда. Полна чинија микс од зелена салата, едно парче риба и бифтек, изјавила Сузана.
Покрај ова, таа секое утро пиела по една чаша топла лимуната, но применувала и една необична тактика која ја видела во Москва, бидејќи еден период од животот таа живееше во Русија.
-Ги видов московјанките, дотерани одат по улица и јадат кисели краставици…