сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец од Велес, по распишана централна потерница

Приведен крадец од Велес, по распишана централна потерница

Денеска (07.12.2022) во 12.00 часот на ул.„Димко Најдов“ во Велес, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Н.(30) од Велес.

Тој бил осуден на казна затвор од една година и два месецa за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик, за „тешка кражба“. За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Велес за доиздржување казна од речиси 12 месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.