вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Младите женски фудбалски репрезентации ги дознаа противниците за квалификациите во 2023

Младите женски фудбалски репрезентации ги дознаа противниците за квалификациите во 2023

Македонските женски фудбалски репрезентации до 17 и до 19 години денеска со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион ги дознаа противниците за следните квалификации што ќе се одиграат 2023 година.

Женската репрезентација на Македонија до 19 години се наоѓа во Б лигата и за противници ќе ги има Израел, Грузија и Гибралтар во рамките на групата 1. Македонската репрезентација ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир што ќе се одржи од 3 до 11 април.

Женската репрезентација на Македонија до 17 години во А лигата ќе игра против Германија, Португалија и Унгарија во рамките на групата 3. Домаќин на квалификацискиот турнир е репрезентацијата на Португалија во периодот од 22 март до 30 март. (МИА)