понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во прилепско: Пронајдени пиштоли, пушка и муниција, приведен битолчанец

Претрес во прилепско: Пронајдени пиштоли, пушка и муниција, приведен битолчанец

Денеска (09.12.2022), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Битола.

При претрес во домот кој го користи во с.Тополчани, прилепско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштола, три рамки за пиштоли, една пушка и неколку куршуми со различен калибар.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.