сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Денес е Меѓународен ден за борба против корупцијата, овој ден со сигурност не го слават Заев, Ковачевски, Рашковски, Зекири, Филипче и плејада функционери од СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Денес е Меѓународен ден за борба против корупцијата, овој ден со сигурност не го слават Заев, Ковачевски, Рашковски, Зекири, Филипче и плејада функционери од СДС

Денеска е Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

“Овој ден знаеме дека со сигурност не го слават Зоран Заев, Димитар Дезертер Ковачевски, Драги Рашковски, Мухамед Зекири, Ден Дончев, Венко Филипче, Васко Ковачевски, Боро Марлборо, Лидија Димова и плејада функционери од СДС кои во изминативе години раководеа државни институции и министерства.

Знаеме дека иако декларативно се смеат на странскиот тим за истраги во Македонија, длабоко во себе не се воодушевени што ќе бидат под лупа на луѓе чиј шеф не е Оливер Спасовски, па да завршува се како полицајката која ја тепаше возилото Пајак. 6 години власт во Македонија е СДС, а борбата против корупцијата не е подобрена, напротив е влошена“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести