На 08.12.2022, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Г.И.(37) од с.Злетово, пробиштипско, затоа што околу 13:30 часот во атар на с.Лесново, пробиштипско, на место викано Голак, додека биле на лов со Ј.К.(56) од с.Злетово, го повредил со ловечка пушка.
Пушката била одземена за понатамошна постапка, а повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.