Полициски припадници привеле 57 годишен скопјанец под сомнеж дека вршел продажба на наркотични средства.
По добиени сознанија и со судска наредба МВР вчера извршило претрес во неговиот дом при што било пронајдено половина килограм марихуана две паковки амфетамин, две ваги и шприц со масло од канабис.
Против 57 годишникот ќе биде поднесена кривична пријава информираат од МВР.