Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Никооски, денес беше во посета на Прилеп каде присуствуваше на третиот од отворените денови во кои што граѓаните даваат идеи за општинскиот буџет за 2023-тата година.
-Ова е една нова форма на комуникација каде што сакаме покрај отчетноста односно она што се прави и за кое што се дава извештај и за што се даде извештај во сите општини каде што градоначалниците се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и исто така за следната година да проектите во рамки на можностите се создаваат заедно со граѓаните. Можам да кажам со задоволство како носител во четвртата изборна единица, како човек кој што ги добил гласовите и тука во Прилеп дека општина Прилеп добро напредува и дека за следната година има една добра развојна програма. Морам да кажам дека ова ќе е прва година каде што целосно Буџетот ќе биде креиран од страна на новата општинска администрација, рече тој.
Посочи дека веќе ќе се работи со визија која што ја има градоначалникот, претседателот на Совет, советниците од советничкото мнозинство, кои што ја добија довербата на минатите локални избори
-Можам неколку работи да најавам, прво асфалтирање на преку 45 улици и улички во Прилеп што значи дека ќе нема улица поголема или помала која што ќе остане со дупки или во кал, односно ќе нема улица во Прилеп која што нема да има асфалт. Тоа е онашто граѓаните најмногу го посакуваат. Понатака, двата влеза и влезот од страна на Крушево, кој што треба да се направи, а исто така и влезот кој што доаѓа од оваа страна на градот би рекол кој што излегува према Плетвар и према Скопје, како и према и Македонски брод. Така што тоа е втората голема работа. А, третата голема работа е што зборуваме за неколку кружни текови во градот кои што ќе ги дискутираме и денес и утре со граѓаните. Останува заложбата за водоводни и канализациони системи, како и реновирање и подобрување на условите во неколку општински основни и средни училишта. Сето ова е предвидено со средствата кои што може да ги собере Општината во рамки на своите редовни приходи, а исто така општината планира да издаде обврзница, општинска обврзница во максимална вредност до пет милиони евра која што треба да затвори дел од крупните проекти, истакна тој.
Николоски имаше апел до Владата:
„Би сакал оттука да апелирам до претседателот на Владата, до целата Влада и владејачката коалиција СДСМ – ДУИ да не ги јаде суетата и да се надминат себе и да сфатат дека и во градовите, и општините каде што СДСМ и ДУИ изгубија на минатите локални избори исто така живеат луѓе, а тоа е доминантниот дел од Македонија и да не ги блокираат општинските обврзници на Влада. Знаете дека Општина Штип беше прва која што ја заврши процедурата за општинска обврзница, требаше само формално Владата да даде одобрение, но Владата за тоа прави проблем. Ги повикувам да не прават проблеми ни за Штип, ни за останатите општини затоа што ова се средства кои што ќе се потрошат за сите граѓани. Ние ќе се натпреваруваме на избори со идеи, со концепти, но кој и да победи на избори, не смее да ги блокира оние проекти кои што се за доброто на граѓаните. А, тој кој што губи, а во ситуацијава ја има централната власт уште помалце треба да оди спротивно на волјата на граѓаните“.
-Така што еве еден повик од Прилеп да се надминат себе и да дозволат општинските обврзници да профункционираат. Ова е еден иновативен метод на финансирање на општините, позади него има поддршка и од експерти од ЕУ, особено во делот на зелени обврзници, и е нов начин на кој што ќе можат да се финансираат општините, на кој што ќе можат да се реализираат бројни проекти. А, ако сакате ќе можат и дел од граѓаните да ги отплатат своите средства на начин што ќе инвестираат во општините и после тоа ќе очекуваат секако за тоа да имаат покрај општествена добивка и лична добивка. Така што целиот овој концепт значи реализирани бројни проекти. Ќе раговараме денес, ќе разговараме и утре, и се надевам дека ќе има еден добар урамнотежен буџет за 2023-та година кој што ќе реализира многу од барањата на прилепчани, а се надевам дека и после предвремените парламентарни избори кои што очекувам да се случат најбрзо можно, односно оваа пролет ќе може и Владата многу повеќе да помага, рече тој.