На 10.12.2022 во 02:25 часот во близина на угостителски објект во Градскиот парк во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Ф.И.(25) од Скопје затоа што кај него бил пронајден остар предмет (нож).
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.