сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двајца Романци уапсени во Бугарија за превезување 69 илегални мигранти

Двајца Романци уапсени во Бугарија за превезување 69 илегални мигранти

Двајца Романци се уапсени во Бугарија бидејќи превезувале 69 илегални мигранти.

Мигрантите се откриени во автобус на автопатот „Тракија“ во реонот на градот Сливен во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Увидот е извршен по случаен избор од страна на Сообраќајната полиција во градот.

Двајцата романски државјани, возачи на автобус, како и 69-те странски државјани биле без лични документи, сите мажи на возраст меѓу 13 и 38 години, и се претставувале како Авганистанци.

На 14 од нив им била укажана лекарска помош поради исцрпеност, но не се во животна опасност, а 11 од нив биле прегледани во болницата во Сливен, по што се пуштени. Во болницата во Јамбол во моментов поради истоштеност се наоѓаат три лица.

Против двајцата романски државјани е покрената предистражна постапка. (МИА)