недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Белорусија спроведува ненајавена проверка на борбената готовност на трупите

Белорусија спроведува ненајавена проверка на борбената готовност на трупите

Белорусија почна ненајавена инспекција на борбената готовност на своите трупи соопшти денеска Министерството за одбрана.

-Активностите ќе бидат сеопфатни по карактер, трупите ќе мора што побрзо да се префрлат во подрачја предвидени за тоа, со инжинерска опрема, да организираат заштита и одбрана и да постават понтонски премини преку реките Неман и Березин, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија.

Се наведува дека ќе биде транспортирана воена техника и персонал, како и дека поради тоа ќе биде ограничен сообраќајот на одредени јавни патишта. (МИА)