понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Танкоски донесе бод за Еурофарм Пелистер против шпанската Бидасоа

Танкоски донесе бод за Еурофарм Пелистер против шпанската Бидасоа

Денеска во својот шести натпревар сезонаваа во Европската лига составот на Еурофарм Пелистер ремизираше во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со 29:29 против Бидасоа Ирун од Шпанија.

Играчите на Ларс Валтер стекнаа убава позитива во текот на првото полувреме кога водеа со 16:12. Но, на крајот можеа и да бидат поразени, бидејќи гостите во вториот дел имаа „плус три“ на семафорот (23:26).

На 20 секунди до крајот на средбата македонскиот вицешампион успеа да освои бод благодарение на погодокот на Танкоски. Нашиот репрезентативен плејмејкер запиша седум погодоци на овој меч, поефикасен од него беше само Тунижанецот Хосни со осум голови.

На табелата во групата „Д“ по шест кола води Фуксе Берлин со максимални 12 бодови, пред Скандерборг Архус кој има осум. Трета е Бидасоа со седум бодови, на четвртата позиција е Еурофарм Пелитер со пет, претпоследен Мотор Запорожје со три, а последен е Агуаш Санташ со еден бод.

Следниот меч Еурофарм Пелистер ќе го има на 7 февруари 2023 година на гостински терен против Скандерборг Архус кој во оваа рунда минимално загуби дома од Фуксе Берлин со 28:29.