сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски и Арсовска да се извинат што ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги „багра“ – јавноста освен неспособноста ја гледа и дрскоста на Тачела Коалицијата

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Ковачевски и Арсовска да се извинат што ги навредија приватните превозници нарекувајќи ги „багра“ – јавноста освен неспособноста ја гледа и дрскоста на Тачела Коалицијата

Во отсуство на Данела Арсовска нејзиниот заменик ги почести приватните превозници во градот Скопје со сочни навреди. Ова е лицето на Тачела коалицијата во која припаѓа и заменикот на Данела, Александар Трајановски. Имено Трајановски приватните превозници ги нарече „багра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е крајно срамно и недоличен речник за еден функционер во Скопје. Да се навредуваат луѓе кои вредно работат и со чесен труд ги прехрануваат своите семејства е под секое ниво. Ако вака комуницираат со Данела Арсовска и се нарекуваат со погрдни зборови, не значи дека нивниот коалициски речник доликува да биде јавно искажан во Советот. Но речникот на секој човек, па и на заменикот на Данела е израз на неговата домашна култура и воспитание. Тој е должен за овие навреди кон превозниците и рушењето на дигнитетот на градот, јавно да се извини. Данела Арсовска исто така треба да се дистанцира од изјавата на својот заменик, а Ковачевски како патрон на оваа коалиција да ја осуди, бидејќи во спротивно ќе значи дека стојат зад ваквите квалификации и ваквиот речник.

Арсовска и нејзиниот заменик Трајановски се должни да поднесат информација за состојбите во јавниот превоз, за состојбите во ЈСП и долговите кон приватните превозници. Сега освен нивната неспособност, јавноста е сведок и на дрскоста на Тачела Коалицијата“ – се наведува во партиската реакција.

Најнови вести