Мајката на Меган Маркл се расплака во документарецот кој го објави Нетфликс под името „Хари и Меган“ говорејќи за својата ќерка и тортурата која ја преживеала во кралскиот дворец.
Имено Дорија Регланд која живее во близина на својата ќерка Меган и принцот Хари во Калифорнија, заплака додека раскажуваше за својата ќерка и нејзиниот тежок период кој го имала како и нарушеното ментално здравје додека живеела во Велика Британија.
Таа раскажа и дека се чувствувала одговорна што не можела да и помогне на Меган која поминувача низ голема психичка тортура.
Хари во филмот исто така изнесува низа тајни за својот брат и татко, алудирајќи дека неговиот татко и брат се венчале со жени не од љубов, туку поради тоа што си одговарале.
Војводата во документарецот открива и дека членовите на семејството се бунеле зошто на Меган и била потребна поголема медиумска заштита од останатите жени во семејството и дека не можеле да ги сфатат „расните елементи“ и големиот притисок од јавноста.
Дел од кралските експерти филмот го нарекоа глупост, додека други го гледаат како „освета“.
Првите три епизоди се емитувани минатата недела, а денес ќе се емитуваат уште три кои траат три часа, а за да се снимат истите семејството добило милионска сума на пари.