понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две девојки каснати од куче во кругот на Клинички

Две девојки каснати од куче во кругот на Клинички
илустрација

Две девојки на возраст од 19 и 21 година вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од куче во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР информираат дека во 11.45 часот во Полициската станица Центар, Г.Т.(21) од Кавадарци пријавила дека била касната од куче скитник.

Околу 15 часот,  Е.М.(19) од с.Вранештица, кичевско пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.