понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Смртта на Михајловиќ го погоди фудбалскиот свет: Се простуваат играчи и клубови…

Смртта на Михајловиќ го погоди фудбалскиот свет: Се простуваат играчи и клубови…

По долгогодишна борба со леукемијата на 53-годишна воздраст почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ во 1990 година со Црвена Ѕвезда стана Европски и Светски шампион.

После две години заминува во Италија каде настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, при што се здоби со статус на еден од најдобрите одбрамбени играчи во Серија А.

Од Михајловиќ се опростуваат бројни клубови, челници, поранешни соиграчи, спортисти…

„Серија А жали поради смртта на Синиша Михајловиќ, иконата на фудбалот и на животот. Неговата класа како фудбалер и тренер, неговата сила и неговата хуманост се пример кој остава неизбришлив белег во италијанскиот и светскиот фудбал“, пишуваа Серија А.

Претходно о него се прости и неговото семејство.

-Сопругата Аријана и децата Виктора, Вирџинија, Мирослав, Душан, Николас, внуката Виоланте, мајката на Викторијаа и братот Дражен, со тага ја објавуваат прераната смрт на нивниот сопруг, татко, примерен син и брат Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, секогаш достапен за секого и секогаш добар за секого. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа низ годините, со сета љубов и почит, особено на лекарите Франческа Бонифаци, Антонио Курти, Алесандро Рамбалди и Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Ќе живее со нас кои го сакавме“.

Михајловиќ роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец.