четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Маск ги укина суспензиите на неколку новинари на Твитер

Новиот сопственик на Твитер Илон Маск ги врати налозите во социјалната мрежа на неколку новинари кои ги блокираше откако објавија податоци за неговиот приватен авион.

Одлуката на милијардерот предизвика бран незадоволство и ја смени само еден ден откако ја објави во четвртокот.

Маск го направи ова откако прибегна кон својот омилен метод: анкетирање на корисниците на Твитер. Вкупно гласале 3,69 милиони луѓе, од кои речиси 59 отсто се изјасниле за враќање на блокираните профили.

„Луѓето го кажаа своето. Налозите што го објавија моето место на живеење ќе бидат вратени“, твитна Mаск доцна синоќа.

Вчера Европската Унија му се закани на Твитер со санкции. ОН, од своја страна, го дефинираа блокирањето на налозите како „опасен преседан“.

Одлуката се однесуваше на десетици американски новинари, меѓу кои и водечките медиуми како Си-Ен-Ен и весниците „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“.