Во водите на канал „Студенчишта“ во Охрид денеска бил пронајден починат маж.
Од охридската полиција информираат дека случајот кај нив бил пријавен утринава во 07:40 часот, а утврдено е дека се работи за Д.Р.(76) од Охрид.
-Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство, велат од СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, телот на починатиот било дадено на обдукција.