Селекторот на француската ракометна репрезентација Гијом Жил го објави списокот на ракометари за Светското првенство 2023.
„Експертите“ одново се меѓу фаворитите за висок пласман. Меѓутоа, на овој турнир ќе патуваат со мали проблеми. Повредени се Н’Гесан, Деска, Мине, Парди и Конан, кои поради повреди нема да бидат дел од ракометниот спектакл во Шведска и Полска.
Франција ќе игра во групата Б, каде ќе се надигрува со репрезентациите на Словенија, Саудиска Арабија и Полска