понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Жените од ВМРО-ДПМНЕ против лагите на коалицијата Ковачевски-Арсовска: Започни да работиш, наместо да шириш лаги и хаос

Жените од ВМРО-ДПМНЕ против лагите на коалицијата Ковачевски-Арсовска: Започни да работиш, наместо да шириш лаги и хаос

Лаги на незрели политичари. Вака накусо е описот на коментирите на жените од ВМРО-ДПМНЕ по однос на обинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска дека добивала директни закани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Велат, однесувањето на Мицкоски е на највисоко ниво со кое успеал да ја консолидира партијата, а на Арсовска и порачаа наместо да лаже да се фати за работа.

-Ретко коментирам на политички теми зошто сметам дека во состојба на економски колапс нема место за секојдневна политика. Но, неправдите и невистините некогаш човек го вадат од кожа. Изјавата на градоначалничката Данела се коси со карактерот и културата на претседателот Мицкоски. Тоа не е Христијан Мицкоски. Однесувањето, зборувањето и мислењето на претседателот Мицкоски се на највисоко ниво и создаваат високо ниво на внатрепартиска демократија која е столб за развој на една партија и држава. Самиот факт што успеа да ја консолидира партијата кога беше најтешко и да ја направи победничка на последните локални избори покажува дека го имаме вистинскиот лидер. Доста ни е од политичари кои само омаловажуваат и навредуваат. Ние треба да станеме европска и цивилизирана Македонија! За тоа се бориме…, напиша Маја Кадиевска Војновиќ.

Претседателката на УЖ на партијата, Жаклина Пешевска вели дека наспроти обвинувањата упатени кон Мицкоски тој секогаш давал огромна поддршка во борбата за правата на жената.

-Како жена која што ја предводи најголемата политички организирана структура на жени во Македонија можам да кажам дека изнесените тврдења за некакви закани се комплетна лага и измислица. Впрочем претседателот Мицкоски секогаш давал огромна поддршка во борбата за правата на жената, а како човек кој има лично искуство од тимската работа во партијата и директна соработка со Претседателот на партијата можам да посведочам дека тоа што го соопшти Арсовска не е дел од неговата култура, ниту пак е карактерна особина на претседателот Мицкоски, нешто што пак не можам да го кажам за г-ѓата Данела Арсовска. Ќе потсетам дека таа впрочем освен од раководните органи на партијата, имаше огромна поддршка и од мене лично и од целата Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ. Јас лично бев вклучена во борбата против говорот на омраза кој беше насочен кон г-ѓата Арсовска во изборната кампања, а таа денес очигледно ја превзема палката и ударното место во сеење на лаги и говор на омраза, нешто против што се боревме. Секој ден станува појасно која е суштината на средбите на Арсовска со Ковачевски, и создавањето на димна завеса за сите скандали на власта. Жалам што Арсовска ја превзема таа улога која и ја додели власта, и ќе и препорачам помалку да служи за туѓи интереси и да не биде водена од тендер политиката, и повеќе да е фокусирана кон решавањето на проблемите на скопјани. Самото количество на лаги отвора и сомнеж за деловна неспособност во раководењето на градот, нешто за што треба да се позанимава и самиот систем на државата.Плус со глумењето жртва во политиката ги дискриминира и иритира сите оние жени кои биле навистина жртви во политиката, смета Пешевска.

Со објава се огласи и потпретседателката на партијата Гордана Димитриеска Кочоска која напиша неколку збора околу обвинувањата, како што рече, од незрели политичари, кои поради хаосот кој го продуцираат имаат желба да се истакнат измислувајќи лаги за други.

-Различни сме комплетно. Јас многу потемпераментна и некој што не трпи ништо, а тој многу посмирен и собира сѐ во себе. И двајцата работници – самоуништувачи. Да баш така, самоуништувачи на сопственото здравје и фамилии. Долго време работиме заедно. Прво во АД ЕЛЕМ, потоа и во ВМРО-ДПМНЕ. И кога толку долго работите заедно ги учите сите доблести и маани кои што ги имаат вашите соработници или претпоставени. Е затоа денес не можам да не се изнасмеам на текстот дека претседателот Мицкоски се заканил на некого. Нивото, културата, воспитанието, секојдневното однесување, начинот како реагира кога јас сум нервозна и милион други работи покажуваат дека тоа никогаш не може да бидат негови зборови. Не се случило да искритикува некого, ниту пак да навреди. Кога друг ќе даде таков коментар тој само вели: Научи се да живееш со слабостите на другите луѓе и движи по својот пат. Времето е најголемиот сојузник кој ќе покаже кој е во право а кој е крив. Проблемот во нашата држава е да прифатиме дека нештата се менуваат, дека имаме претседател на најголема политичка партија со вистински вредности, манири, култура достоинство и чесност. Човек кој не знае да навреди, туку знае само да почитува, па дури и кога спротивната страна тоа не го заслужува. Направете анализа и ќе видите дека не постои во македонската историја политичар кој е толку навредуван како него. Ниту тој, ниту пак неговите соработници не потклекнуваат токму затоа што знаат дека нема вистина во ниту еден збор. Е таа верба и доверба и тој негов челичен карактер без навреди, достоинствено го донесе денес да биде прв на анкети, а и ВМРО-ДПМНЕ да биде исто така во голема предност пред СДСМ. И како што секогаш вели, времето ќе покаже и докаже, истакнува Димитриеска Кочоска.

Портпаролката на партијата, Марија Митева вели дека кога конкретно, лично и директно ја добивала поддршката, кога конкретно, лично и директно ја барала поддршката тогаш приказната била поинаква.

-Кога конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО ти беше посочено дека ќе требаат промени, работа и резултати, беше сигурна дека менаџер како тебе не ни знае поинаку. Е сега, конкретно, ЛИЧНО И ДИРЕКТНО кога ги нема резултатите, поддршката лажно ја претвори во наводни закани. Со насмевка на лице презентираш скандалозни наводи, мора да признаеме ако не во работа, барем во манипулација си неприкосновена. Не жена, ниеден човек не треба да се служи со вакви манипулации и спокојно да продолжува да ја ужива власта. Но, времето на валкани лаги ќе го претвориме во време на чиста вистина, посочува Митева.

Најнови вести