сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ДОКТОРКАТА НА СИНИША МИХАЈЛОВИЌ ОТКРИ ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ: Никогаш во кариерата не наишла на слична ситуација

ДОКТОРКАТА НА СИНИША МИХАЈЛОВИЌ ОТКРИ ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ: Никогаш во кариерата не наишла на слична ситуација

Фудбалскиот великан Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата на 16 декември, а сите добро знаат колку храбро се бореше од 2019 година кога му беше дијагностицирана оваа тешка болест.

Од минута во минута пристигнуваат вести за неговата смрт, а целиот фудбалски свет е во жалост.

Сега се огласи и докторката кој го лекуваше легендарниот Миха.

Новинарот на РТС известуваше од Италија и објави како смртта на Синиша Михајловиќ тешко ги погоди Италијанците.

– Овде во Италија владее голема тага. Сите медиуми на насловните страници напишаа збогум на големиот Синиша Михајловиќ со зборовите „Збогум господине, благодарам за се“.

Најгледаниот телевизиски канал Медиасет вечерва го започна својот дневник со зборовите „Стигна веста што никогаш не сакавме да ви ја пренесеме, Синиша Михајловиќ си замина“ – рече таа.

Докторката Франческа Бонифаци, која го лекуваше Синиша Михајловиќ од првиот ден од неговото боледување, вели дека тоа е најагресивната болест со која се сретнала во нејзината кариера.

– За мене од првиот ден до последниот беше прекрасна личност, многу силен. Ми ја покажа сета можна доверба, но оваа злобна болест беше најагресивната со која сум се соочила досега.

Ни одржа фудбалска и животна лекција во секоја смисла, ме бодреше, јас го бодрев него. Многу го сакаше животот и правеше се за да продолжи да живее.

Тој беше подготвен да ги издржи сите болки и сите можни страдања. Тој не сакаше да го напушти семејството. Тој го сакаше фудбалот, тој беше неговиот свет, но неговото семејство беше неговиот кислород – нејзините зборови.

Медиумите пишуваа дека до викендов бил релативно добро, дека разговарал со пријателите за плановите за јануари, но ситуацијата многу се влошила во неделата, кога на Синиша температурата нагло се зголемила поради инфекција на неговото слабо тело и многу тешки терапии, така што од понеделник беше во фармаколошка кома.