Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ почина во петокот на 54-годишна возраст по тригодишна борба со леукемија, а денеска ќе биде погребан во Рим.
Миха помина многу на теренот и надвор од него, а некои се сеќаваат на ситуацијата од пред две години кога гостуваше на една италијанска телевизија.
Познатиот ас целосно се распадна кога на видеото виде ситуации од детството, првите фудбалски чекори и изјавите од неговите родители.
На лицето на легендата се појавија солзи, а таа ситуација можете да ја видите на видеото од 15:40 минути.