сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин

МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин

Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот.

Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тие се информирани за случајот.

Се посочува дека Министерството и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата.

Претходно, дописникот на МИА од Бугарија јави дека тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено во саботата околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина и за случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, на телото нема траги на насилство и најверојатно станува збор за предозирање.  (МИА)