четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија приведен човекот кој испраќал дојави за бомби

Во Србија приведен човекот кој испраќал дојави за бомби

Припадници на српското МВР, Управата за криминалистичка полиција, преку оперативна работа и меѓународна соработка, по заканата до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград дека биле поставени експлозивни направи на повеќе од 20 меѓународни летови, за помалку од 24 часа, идентификувале и го привеле осомничениот С.С.(1977).

Осомничениот е приведен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тероризам, а со кривична пријава е изведен во Обвинителството за организиран криминал. Судот му одреди притвор.

Продолжува меѓународната оперативна полициска соработка со цел гонење на лица кои упатиле закани со експлозивни направи до субјекти во Република Србија од странство, а надлежното обвинителство поведе повеќе барања за меѓународна правна помош.