понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Од туѓа картичка вадел пари на банкомат, кривична за маж од Кавадарци

Од туѓа картичка вадел пари на банкомат, кривична за маж од Кавадарци

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против С.П.(57) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 25.07.2022 во Кавадарци, пријавениот неовластено од банкомат подигнал пари од сметка на друго лице откако претходно ги набавил податоците за лицето.